Делта варијантата на коронавирусот го направи постигнувањето колетивен имуните „мит“. До ваков заклучок дошол панелот стручњаци меѓу кои и шефот за развој на вакцината на Оксфорд која ја произведува „Астра зенека“.
Покрај ова експертите повикуваат на прекин на масовното тестирање за Британија да почне да живее со вирусот.
Панелот стручњаци пред британскиот парламентарен одбор заклучил дека е дојдено време да се прифати фактот дека не постои начин да се сопре ширењето на вирусот во целата популација и оти следењето на лицата со благи симптоми не помогнало.
Професорот Ендрју Полард кој го предводи тимот за вакцината на Оксфорд вели дека делта-сојот може да ги зарази и вакцинираните и дека е невозможно постигнување колективен имунитет дури и со високт степен на вакцинација.
Британското Министерство за здравство објави дека повеќе од три четвртини од возрасното население во земјата е вакцинирано и дека со тоа се спречени околу 60 илјади смртни случаи како и речиси 70 илјади хоспитализации.
Сепак, експертите веруваат дека ширењето на вирусот ништо не може да го спречи.
„Секој кој уште не е вакциниран во еден момент ќе се сретне со вирусот. Не постои ништо што ќе го спречи шрењето и сметам дека сме во ситуација кога постигнувањето колективен имунитет е незовможно. мислам дека ќе се појави нова варијанта од која вакцинираните ќе се заразуваат многу лесно“ – вели Полард.
До пред извесен период многумина се надеваа дека со зголемување на бројот на вакцинирани во Британија ќе се создаде одреден вид имунитет кој би го заштитил населението.
Пред една седмица, Одборот за вакцинација соопшти дека една од причините што е предложена вакцинација на младите на 16 и на 17 години е спречување на зимскиот бран на ковид.
Но, анализите на англискиот Институт за јавно здравје покажаа дека вакцинираните можат да бидат еднакво заразни како и невакцинираните лица.
„Концептот на колетивен имунитет е неизводлив затоа што знаеме дека инфекцијата ќе се прошири меѓу невакцинираните, а неодамнешните податоци покажуваат дека дури и две дози вакцина озовможуваат само 50 проценти заштита од пренесување“ – вели Пол Хантер, експерт за заразни болести и советник на Светската здравствена организација.
Тој смета дека е време да се направи промена во собирањето и анализирањето на податоците.
„Мораме да престанеме да го пријавуваме само бројот на случаи и само позитивните примени во болница и да почнеме да информираме за луѓето кои навистина се болни од ковид. Во спротивно ќе бидеме исплашени од големиот број случаи кои всушност и не се претвораат во болест“ – вели Хантер.
Полард смета дека мора да се престане со масовното тестирање бидејќи како што вели Британија ќе се најде во ситуација постојано да ги вакцинира граѓаните за да спречи нешто кое всушност е невозможно да се контролира.
Спред него треба да се премине на клиничко тестирање. Тој вели дека ако некој не се чувствува добро, треба да биде тестиран, но неговите контакти во ситуација да се во добра состојба не треба да се тестираат, а децата треба да продолжат да одат на училиште.