Дел од корисниците од село Шишево утре од 8:00 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Салвадор Аљенде“ лоцирани во крајниот горен дел лево од козјите патеки кон Водно во Општина Центар, од 8:30 до 11:30 часот корисниците од селата Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје и Кондово, како и дел од селата Волково и Кучково, а од 8:30 до 12:00 часот корисниците од улицата „7“ во село Батинци.
Во периодот од 8:30 до 12:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „Петар Поп Арсов“ и бул. „Партизански одреди“ на потегот од Универзална сала до пресекот со улицата „13ти Јули“, од 8:30 до 14:00 часот делот од корисниците од улицата „Максим Горки“ на паркингот кај Мистер Џек помеѓу булеварите „Климент Охридски“ и „Теодосиј Гологанов“ и зградата бр.11, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во Општина Центар.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.