Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин. 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина.
Според Министерството за здравство, најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.
„Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип. Помеѓу 20-30% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, М.Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9% опфат во Гостивар.
Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот“, се наведува во соопштението од МЗ.