Хамилтон најбрз на тренинг-сесијата во Германија

Од:

Британскиот возач Луис Хамилтон од „Мерцедес“ забележа најбрзо време на денешниот прв тренинг пред викенд случувањата од шампионатот во Формула 1 на патеката „Нирбургринг“ за Големата награда на Германија.

Хамилтон оствари време 1:31.754, втор беше неговиот клупски колега Нико Розберг со заостанување од 0,2 секунди, а третото место му припадна на Марк Вебер од „Ред Бул“ со нешто повеќе од секунда заостанување.

Шампионот Себастијан Фетел („Ред Бул“) тренингот го заврши на осмата позиција.

Денешните возења поминаа без проблеми со гумите „Пирели“ какви што се случија на минатонеделната трка во Силверстоун.

Попладнево ќе се вози и вториот тренинг, утре се квалификациите, додека в недела од 14 часот е главната трка.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он