На плоштадот во Стар Дојран денеска ќе се одржува првото издание на еднодневниот „Дојран Рок Фест“.
– Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект, бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Исто така, планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран, на фестивалот ќе настапат пет различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа „Bad Obsession“, „High Voltage“, „Cruel“, „Daktili“ и „The Chicks“, се наведува во соопштението од организаторите на настанот.
Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.
Настанот е поддржан од Министерството за култура.