Вестервеле: МMФ нeма да се повлече од финансирањето на Грција

Од:

Меѓународниот монетерен фонд (ММФ) нема да се повлече од финансирањето на Грција, за грчкото радио Скај изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, кој вчера беше во посета на Атина.

– Не станува збор за повлекување на фондот, се слушаат многу верзии, се бараат претпоставки, се зборуваат најразлични работи, а потоа се утврдува дека нештата се поинакви. Оваа нервоза, оваа хистерија е голем проблем.

– Само со мир и со надеж можат да се привлечат инвестиции, а инвестициите се неопходни за создавањето нови работни места. Сето ова зборување треба најпосле да запре, посочува Вестервеле.

Германскиот министер за надворешни работи категорично ја исклучи веројатноста за ново „потстрижување“ на грчкиот долг, истакнувајќи дека на луѓето не треба да им се создаваат грижи со таквите приказни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит