Почнаа досега најмасовните руско-кинески военопоморски маневри

Од:

Кина и Русија денеска ги почнаа најголемите досега заеднички военопоморски маневри, што ќе траат до 12 јули, пренесоа американските медиуми.

Светските агенции во маневрите гледаат „знак за затоплување на врсите меѓу поранешните противници од студената војна“.

Во маневрите под називот „Joint Sea“ („Заедничко море“) учествуваат 18 бродови, една подморница, три авиона, пет хеликоптери и две единици на специјалните сили.

rusijachina-more

Маневрите, истовремено, според својата големина ги надминуваат сите досегашни вежби на кинеската армија заедно со странски војски, посочуваат американските медиуми.

Кина долго време беше главен купувач на руска воена техника, но заедничките воени вежби датираат само во последната деценија, напоменуваат агенциите.

Денеска почнатата вежба, чија активна фаза ќе трае од 8 до 10 јули во Јапонско море, не е насочена против трети држави, изјавија денеска при посетата на кинеските бродови во пристаништето Владивосток вицеадмирал Леонид Суханов, заменик началник на главниот штаб на руските военопоморски сили, и вицеадмирал Дин Ипин, соопшти за ИТАР-ТАСС прес службата на Тихоокеанската флота на Русија.

За време на маневрите маринците од двете држави ќе „ослободат“ брод преземен од пирати, и ќе тренираат спасувачки операции за помагање на брод во несреќа. Ќе се изведат и задачи поврзани со конвојски операции, префрлање на бродски резерви на отворено море, заедничко организирање на противподводна, противвоздушна и противбродска одбрана.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски