Над 220 заболени и еден починат од Ковид-19 во Косово за еден ден

Од:

Во Косово изминатите 24 часа се извршени 3.160 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои како заразени резултирале 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава.

Минатото деноноќие е регистриран и еден смртен случај како последица на Ковид-19, така што вкупната бројка на жртви на пандемијата, од нејзината појава, достигна до 2.268.

Коронавирусот во Косово досега е откриен кај вкупно 108.844 лица, од кои како излекувани се водат 105.688 (21 минатото деноноќие), додека активни носители на вирусот се 888 лица.

Според косовските здравствени власти, кај најголемиот дел од новозаболените е откриена новата Делта варијанта на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор