САД ги поздравуваат напорите за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција

Од:

САД ги поздравуваат сите напори за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција, вели заменикот помошник државен секретар на САД Филип Рикер, на прашањето за реакција по иницијативата на претседателот на македонската Влада Никола Груевски за средба со грчкиот колега Андонис Самарас и формирање на заеднички тимови за решавање на спорот за името.

– Согласно мојата изјава во Скопје пред неколку недели, ние ги повикуваме Македонија и Грција да го искористат предлогот на Нимиц како основа врз која може да се ангажираат во дијалог и да го разрешат ова прашање. Ги поздравуваме сите напори кон оваа цел. Нашата позиција е непроменета, изјави Рикер за МИА.

За време на својата јунска посета на Македонија, Рикер изјави дека е важно да се има дијалог, меѓу владите и во јавноста, каков што имало и меѓу Србија и Косово кои постигнаа согласност за нормализирање на меѓусебните односи и со тоа се отворија перспективите за евро-интеграциите на двете држави.

Според информациите на весникот Дневник, македонскиот премиер Груевски минатата недела упатил писмо до Самарас, во кое предлага создавање на тимови, предводени од нивна страна, кои би барале решение за спорот преку интензивни разговори со посредникот Нимиц.

Претседателот на Владата на Република Македонија на Самарас му предложил и нивна меѓусебна средба, уште во текот на следната недела, за да се поттикне процесот на надминување на овој спор.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски