Во Русија горат над милиони хектари, во Јакутија наложена евакуација

Од:

Во Русија, во текот на претходниот ден, вкупната површина погодена од пожари значително се зголеми – од 837 илјади хектари на 1.071 милиони – за само 24 часа. Од вчера бројот на шумски пожари е зголемен од 217 на 222.

За тоа време, површината на територијата што беше зафатена од огнот се зголеми за приближно 237 илјади хектари. Исто така, во тој период пожарникарите успеале да изгаснат 40 природни пожари. Пожарот ја зафати најголемата област во Јакутија, каде горат 924 илјади хектари шума.

Пожари беснеат и во големи области во регионот Иркутск, Карелија, Чукотка и Приморјето. Речиси пет илјади луѓе и 732 единици опрема се вклучени во гаснењето на пожарите.

Специјален противпожарен режим е во сила во 62 региони на Русија. Ноќеска евакуирани се 90 лица од едно село во Јакутија, откако пожарот, поради силниот ветер, со голема брзина стасал до населбите.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов