Четврто самоубиство на полицаец од обезбедувањето на Капитол при упадот на 6 јануари

Од:

Вашингтонскиот полицаец Гинтер Хашида во четвртокот бил пронајден мртов во својот дом, каде извршил самоубиство, со што бројот на самоубиства на полицајци кои го обезбедуваа Конгресот при упадот на разулавената толпа на 6 јануари годинава се зголеми на четири.

-Освен Хашида и полицаецот, Кајл де Фрајтаг, кој беше на должност во Капитол, на 10 јули на ист начин го заврши својот живот, изјави портпаролот на полицијата во Вашингтон, пренесуваат британските медиуми.

Полицаецот од дистриктот Колумбија, Џефри Смит и полицаецот од Капитол, Хауард Либенгуд, кои беа во обезбедувањето на Конгресот за време на немирите на 6 јануари, исто така, претходно си го одзедоа животот.

На 6 јануари стотици поддржувачи на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, во неуспешниот обид да го спречат потврдувањето на изборната победа на демократскиот претседател Џо Бајден, а за време на насилствата живоптот го загубија четири лица.

Следниот ден почина еден од полицајците од Капитол кој беше повреден од демонстрантите, а во насилствата беа поврдени вкупно повеќе од 100 полицајци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лидерот на нередите во Капитол Хил осуден на 22 години: Плачеше во судница

18 години затвор за упадот во Капитол – осуден лидерот на „Чуварите на заклетвата“

Маж удри со автомобил во барикада пред американскиот Капитол пред да се самоубие

Сослушување за нападот на Капитол, Трамп обвинет за државен удар

Катерина Ѓуровски

Повеќе од пет години затвор, изречена најдолгата казна за упадот во Капитол

Катерина Ѓуровски

Одредена најголемата казна досега за нападот на Капитол

Катерина Ѓуровски