Повеќе од пет години затвор, изречена најдолгата казна за упадот во Капитол

Од:

Федералниот суд на САД осуди на повеќе од пет години затвор демонстрант кој учествуваше во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Ова е досега највисоката казна за учеството во нападот на Капитол.

dobivaj vesti na viber

Американското Министерство за правда соопшти дека Роберт Скот Палмер од Ларго, Флорида, е осуден на 63 месеци затвор за напад на полицијата во немирите во Капитол.

Поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 6 јануари упаднаа во Капитол со намера да спречат потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори во Конгресот.

Судот наведува дека Палмер фрлил дрвена даска и противпожарен апарат кон полицајците кои се обидувале да ги спречат демонстрантите, а потоа со шипка ги нападнал полицајците.

Палмер е првиот меѓу учесниците во немирите на 6 јануари кој е осуден по обвинение за напад, давање отпор или попречување на службено лице со употреба на оружје.

Палмер беше уапсен на 17 март. Тој се изјасни за виновен на 4 октомври.

Во нападот на Капитол загинаа пет лица, повредени се голем број полицајци, а причинета е штета од околу милион и пол долари. Повеќе од 700 демонстранти се обвинети, а Палмер е 65-та личност осудена на затворска казна.

Би можело да ве интересира

Маж удри со автомобил во барикада пред американскиот Капитол пред да се самоубие

Сослушување за нападот на Капитол, Трамп обвинет за државен удар

Катерина Павлова-Николовска

Анкета: Повеќе од половина од Американците веруваат дека упадот во Конгресот најверојатно ќе се повтори

А1он

Одредена најголемата казна досега за нападот на Капитол

Катерина Павлова-Николовска

Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол

Четврто самоубиство на полицаец од обезбедувањето на Капитол при упадот на 6 јануари

Катерина Павлова-Николовска