18 години затвор за упадот во Капитол – осуден лидерот на „Чуварите на заклетвата“

Од:

Лидерот на екстремно десничарска паравоена група е осуден на 18 години затвор за неговата улога во немирите во американскиот Капитол.

Стјуарт Роудс, основачот на Oath Keepers, е осуден под обвинение за заговор против државата и други злосторства, пишува Би-Би-Си. Родос остана надвор од Капитол на 6 јануари 2021 година, но ги координираше паравоените сили кои упаднаа во зградата.

Ова е најголемата казна досега за упадот во Капитол. Обвинителите бараа 25 години затвор. Роудс минатата година беше осуден и за попречување на службената постапка и за манипулација со документи.

На денешното рочиште, паравоениот водач не покажа каење, тврдејќи дека е политички затвореник и инсистирајќи дека Чуварите на заклетвата имале само намера да ги заштитат другите демонстранти.

Би можело да ве интересира

Маж удри со автомобил во барикада пред американскиот Капитол пред да се самоубие

Сослушување за нападот на Капитол, Трамп обвинет за државен удар

Катерина Павлова-Николовска

Повеќе од пет години затвор, изречена најдолгата казна за упадот во Капитол

Катерина Павлова-Николовска

Одредена најголемата казна досега за нападот на Капитол

Катерина Павлова-Николовска

Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол

Четврто самоубиство на полицаец од обезбедувањето на Капитол при упадот на 6 јануари

Катерина Павлова-Николовска