Македонските претставници Турново и Тетекс вечерва ги одиграа првите натпревари од 1.коло во квалификациите за Лига Европа.
Турново во својот дебитантски настап во евро-куповите пред малку одигра 2:2 против Судува на гостински терен во Литванија.
Судува поведе во 23.минута преку хрватскиот интернационалец Петар Башиќ, изедначи Зоран Балдовалиев во 30.минута, а Дејан Блажевски од пенал во 45+1.минута зголеми на 2:1. Конечните 2:2 ги постави Неријус Валскис на пет минути пред крајот на натпреварот.
Претходно на „Национална Арена Филип Втори“ во Скопје, Тетекс не успеа да обезбеди предност пред реваншот на гостински терен со ерменски Пјуник.
Гостите први дојдоа во водство со голот на Виулен Ајвазјан во 81.минута, а изедначи Генц Исени во 90.минута.
Во вторникот третиот македонски претставник во квалификациите за ЛЕ, вицепрвакот Металург во Скопје загуби од Карабах (Азербејџан) со 1:0.
Реваншите се закажани за 11 јули.