Спасовски: Граѓаните не можат да извадат лични карти затоа што опозицијата го блокира законот со 1.500 амандмани

Од:

Околу 15,5 илјади граѓани не можат да си ги подигнат личните карти, поради тоа што Законот за личните карти е блокиран во Собранието. Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но тоа е блокирано со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Одговарајќи на пратеничко прашање во однос на проблемот со издавањето лични карти, Спасовски посочи дека станувало збор за надградба на систем, но од 1 јули целиот систем е целосно во функција, во однос на земање на податоци и издавање на лични документи.

Тој вели дека Министерството преку Владата уште во март го има доставено Законот за лична карта во Собрание, се со цел да може да ги помине собраниски процедури и да можеме да почнеме со примена на ова законско решение од 1 јули 2021.

-Ние неколкупати инситиравме во однос на ова зкаонско решение да се донесе. Факт е дека имаме блокада на носење на законско решение, но тоа не е ниту моја работа ниту на Владата, туку на Собранието. Кога говориме за блокада, јас ги побарав податоците, вкупно 1.507 амандамни се поднесени на законското решение, посочи Спасовски, додавајќи дека 1.506 од тие амандмани ги поднела опозицијата.

Според него, случајот со ова законско решение не кажува ништо друго освен тоа дека од 1 јули треба да се применува уставното име на државата и да се применуваат одредбите од законот за јазиците, односно сите заедници што живеат во државата имаат право на личен документ на сопствен јазик.

-Ние досега ги дававме термините на граѓани кои бараат издавање на лична карта. МВР целата процедура ја завршува, значи граѓаните одат, можат да се сликаат за лична карта, но не смее да започне производството се додека Закон не биде на сила, рече Спасовски.

Тој посочи дека бројот на граѓани кои бараат издавање на лични документи се зголемува, и испрати апел до сите пратеници без разлика дали се од парламенто мнозинство или од опозиција, да го донесат ова законско решение.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски