66-годишен гурбетџија од Норвешка нападнал полицаец во Куманово

Од:

Кумановската полиција вчера уапсила 66 годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, информираа денеска од СВР Куманово.

-Вчера околу 18:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(66) од село Брест, општина Липково со живеалиште во Норвешка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, се наведува во соопштение од СВР Куманово.

Печалбарот со иницијали А.И. бил приведен во полициска станица во градот и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од кумановската полиција.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

(ВИДЕО) Напад во Париз: Најмалку три лица избодени на сред улица

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Петмина загинати во напад со дрон врз автобус во близина на украинската граница

А1он