Пецаков до Заев: Граѓаните не се наивни, прекинете со предизборниот поткуп и корупцијата

Од:

Пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниската седница за пратенички прашања постави три прашања, првото зошто се лажат заболените од цистична фиброза и не им се набавува терапија, второ, зошто и како е можно корупцијата да биде кај третиот и четвртиот ешалон и дали со тоа се праќа порака дека првиот и вториот ешалон се заштитени, и трето, зошто сега се врши превработувањае во јавниот сектор со пратиски војници, односно предизборен поткуп, а се ставаат на страна професионалците.

„Заболените со цистична фиброза немаат ниту модуларна, ниту инхалациона терапија. Како држава имаме потфрлање и два месеци го нема лекот кој е дел од модуларна терапија, а министерот Филипче на почеток на јули рече дека ќе го има за една недела сега е крај на јули. Нема лекови и од инхалационата терапија за цел јули нема терапија, а се шпекулира дека тендерот ќе заврши тендер во август. Ова е лоша грижа за пациентите од ова ретко заболување“, рече Пецаков.

Пратеникот се осврна и на констатациите на Стејт департментот според кој има корупција во високи ешалони, а премиерот Заев рече дека е сконцентрирана кај третиот и четвртиот ешалон. Дали со ова Заев го охрабрува првиот ешалон, праша Пецаков.

„Стејт департментот имаше обвинувања за корупција во полиција, судство, дека не се пишуваат законите врз основа на анализи и се користи кратка постапка за усвојување на истите, дека има правна непредвидливост, нетранспарентни јавни набавки, дека одговараат „ситни риби“. Извештајот го потврдува она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Пецаков кој се осврна на низа на примери на лица од семејството Заеви кои се фатени на дело со криминал, а не се повикани ниту на разговор од надлежните институции.

Пратеникот се осврна и на полењето на јавниот сектор со нови вработувања и тоа пред избори прашувајќи го премиерот Заев:

„Дали планирате да се борите со превработеноста во јавниот сектор со партиски војници, дали ќе прекинете со предизборен поткуп и партизација и приватизација на јавниот сектор. Треба да вработувате професионалци“.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Песимист сум дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане

А1он

За Груби пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се чипувани: Не одговори на прашањето зошто делува како менаџер на „Бехтел и Енка“

A1on

(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

A1on

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска