Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио во сингл конкуренција. Србинот денес загуби од Германецот Александар Зверев во полуфиналниот меч со 2:1.
Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:1, а потоа Зверев беше поуспешен со 6:3 и 6:1.
Во финалето Зверев ќе игра против Русинот, Карен Хачанов, додека Новак Ѓоковиќ во мечот за бронзата ќе се соочи со Пабло Карено-Буста од Шпанија.
Сепак, Ѓоковиќ има уште една шанса за злато во Токио. Тој попладнево ќе настапи во полуфинале во мешани двојки.