(ВИДЕО) Тасевска: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за граѓаните. Помош и поддршка за ранливите категории е наш приоритет од кој не отстапуваме. Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за стечајци“, кажа Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Со овие измени, дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од 9.242 денари месечно, до пензионирање или вработување.

На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани.

За нас, секој е важен.

Досега, решен е статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус.

Како одговорна политичка партија продолжуваме со вистинска грижа за секој наш граѓанин.

Реализираме мерки и политики кои решаваат долгогодишни проблеми и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он