Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио, откако го совлада домашниот тенисер Каи Нишикори со 6:2, 6:0.
За пласман меѓу четворицата најдобри тенисери на Олимписките игри на Србинот му беа потребни 70 минути.
Ѓоковиќ, кој има бронзен медал од игрите во Пекинг во 2008 година, за противник во полуфиналето ќе го има поуспешниот од натпреварот меѓу петтиот тенисер на светот, Германецот Александар Зверев, и Французинот Жереми Шарди (68).
Втората полуфинална двојка на турнирот во Токио ја сочинуваат Пабло Карењо – Буста (Шпанија) и Карен Хачанов (Русија).