Словенија продолжи со импресивните игри на олимпискиот кошаркарски турнир во Токио, совладувајќи го во второто коло домаќинот со 116:81.
По стартната победа над Аргентина (118:100), репрезентацијата на Словенија повторно беше предводена од својата НБА ѕвезда Лука Дончиќ, кој за 26 минути минати на паркетот против Јапонија постигна 25 поени, додавајќи и седум асистенции и исто толку скокови.
Словенија во последното трето коло во рамки на групата Ц ќе игра против Шпанија, која попладнево за противник ја има Аргентина.