Кинеските пливачки го освоија златниот медал во штафетната трка на 4×200 метри слободен стил со нов светски рекорд, испливувајќи ја патеката со време од 7:40:33 минути.
Остварувањето на Јунксуан Јанг, Нихан Танг, Јуфеи Жанг и Бингџи Ли е за 1.17 секунди побрзо од досегашниот рекорд што го постави Австралија на Светското првенство во Гвангжу пред две години.
Сребрениот медал го освоија Американките, кои, исто така, пливаа побрзо од светскиот рекорд, додека бронзениот медал и припадна на штафетата на Австралија.
Во „кралската“ дисциплина на 100 метри слободен стил кај мажите, триумфираше Американецот Калеб Дресел со време од 47.02 секунди, што е трет најдобар резултат на сите времиња во оваа дисциплина. Сребрениот медал го освои Австралиецот Кајл Чалмерс, а бронзата му припадна на рускиот пливач Климент Колесников.