Вонредната состојба во Бугарија продолжена до крајот на август

Од:

Привремената бугарска Влада денеска одлучи да го продолжи рокот на вонредната епидемиолошка состојба во земјата, од 1 до 31 август 2021 година.

Бугарија се наоѓа на седмото место во светот според смртност од Ковид-19 и е 67-ма по 14-дневна смртност.

Во возрасната класификација на случаите меѓу населението се забележива намалување на инциденцата во сите групи, иако во последните неколку дена има зголемување на 14-дневната инциденца кај лица под 39 години и постарите од 90 години.

Како што објавија бугарските власти, до 18 јули во земјата со прва доза на вакцина против Ковид-19 биле покриени само 18,1 отсто од населението, а целосно ревакцинирани се – 16,2 отсто, што земјата ја сместува на последното место меѓу земјите на ЕУ.

Властите во Бугарија имаат за цел да го задржат регистрираниот пад на инциденцата во земјата, како и да го подготват јавниот здравствен систем за одговор на можниот нов пандемиски бран на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

Радев одби Стојанов да биде нов бугарски министер за внатрешни работи

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Димитриеска-Кочоска: Парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат

Сарацин: Македонија не ги оправда надежите за уставни измени

A1on