Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Од:

Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за деца во основно по 2.100 денари и за деца во средно образование во износ од 3.000 денари, соопшти Министерството за труд социјална политика.

Како што појаснуваат од Министерството, исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви износи, на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование. Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари, посочуваат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска