Стојоски: Имам голема чест да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри

Од:

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски со нетрпение го очекува својот деби настап на едни Олимписки игри. Тој ги прави последните подготовки за трката на 400 метри закажана за 1 август.

– Задоволен сум од подготовките коишто ги одработив. За Токио се подготвував две години. Олимписките игри се сон за секој спортист, голем предизвик. За мотивот не треба да се зборувам премногу. Предизвикот е голем, имам голема чест, да настапувам под македонското знаме, тоа ми дава обврска да дадам се од себе. Никогаш не сум се штедел, вака ќе биде и на трката. Конкуренцијата ќе биде голема, но тоа го прави чувството посебно. Имам искуство на другите натпреварувања, се надевам дека ќе успеам да остварам резултат за почит, истакна Стојоски.

Настапот на ЛОИ во Токио ќе биде дополнително искуство за предизвиците кои ги има поставено македонскиот атлетичар.

– Иако е рано, но моја следна цел се Олимпијадите во Париз и Лос Анџелес. Нема да застанам, сакам да носам успеси, сакам да ја правам Македонија горда, додаде атлетичарот.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски