Древна сончева набљудувачница во Перу ставена под заштита на УНЕСКО

Од:

Сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, стара 2.300 години, се впиша на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот од еден рид.

Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро познат сончев култ – оној на Инките. Кулите тука со исклучителна точност ја обележуваат зимската и летната краткоденица, како и пролетната и есенската рамноденица.

И катедрала со манастир во Мексико беше вклучена во листата на светското наследство на УНЕСКО. Комплексот го користеле првите францискански мисионери. Комплексот е еден од многуте такви слични манастири на падините на вулканот Попокатепетл, веќе запишан на листата на УНЕСКО. Зданието вклучува многу уникатни архитектонски елементи на Новиот Свет, комбинирани со шпанскиот стил „Мудехар“, којшто пак, има влијанија на исламската архитектура.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска