СДСМ: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со засилена динамика, градиме патишта за побезбеден и побрз сообраќај

Од:

„СДСМ останува силно посветена на спроведување на капитални инфраструктурни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Низ целата држава се инвестира во развој на патната инфраструктура како никогаш досега“, соопштува СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ вложува преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура ширум државата со цел граѓаните да возат низ побезбедни и модерни патишта.

По 50 години за првпат се реконструира патот преку Националниот парк Галичица кој ги поврзува Охрид и Преспа.

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри, по што продолжува и спроведувањето на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри.

Финиширана е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“ во должина од 5,5 километри, во вредност од 36 милиони денари.

Потврда за инвестициите во секој дел од државата се капиталните инфраструктурни проекти кои се реализираат и во македонскиот Исток.

Регионалниот пат Крупиште – Пробиштип во должина од 18 километри е рехабилитиран и пуштен во употреба.

Изграден и пуштен во употреба е и автопатот Миладиновци – Штип. Изградена е првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, во септември е планирано да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на капитални проекти што носат развој на општините и регионите, побрз и побезбеден транспорт и сообраќај“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он