Нови налепници за паркирање во општина Центар

Од:

Изработени се нови налепници, со кои жителите на општина Центар ќе можат бесплатно да ги паркираат своите автомобили на отворените паркинзи во зона 1 и зона 2.

nalepnici-centar

Повластената паркинг карта, жителите на општина Центар нема да можат да ја користат  во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „Судска палата“.

Во зависност од своите потреби, корисниците на услугите на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на општина Центар можат да аплицираат за следниве паркинг карти: ППК-ПКЖ (Паркинг карта за жител за општина Центар), ППК-ПКСП    (Паркинг карта за сопствен паркинг), ППК-ПКДС (Паркинг карта за деловен субјект), ППК-ПКДВ (Паркинг карта за вработени во деловен субјект), ППК-ПКЖС (Паркинг карта за жител на општина Центар со службено возило), ППК-ВПКС (Времена паркинг карта за станари) и ППК-ПКИ (Паркинг карти за инвалиди).

Аплицирањето за повластена паркинг карта ППК, се врши преку контакт центарот на ЈП ПОЦ на 072 251 251.

По аплицирањето се склучува договор во траење од една година.

По ова жителите на општина Центар добиваат налепница за автомобилот со која ќе бидат препознаени од паркинг службите на ЈП ПОЦ и ќе можат бесплатно да паркираат на сите отворени паркиралишта на ЈП ПОЦ во зона 1 и зона 2.

Доколку договорот кој корисникот го склучил со ЈП ПОЦ е истечен, потребно е да го продолжи, односно повторно да аплицира за нова налепница.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски