Косовската царина од 1 јануари до 26 јули годинава остварила над 700 милиони евра приходи, што е за 30 отсто повеќе одошто во истиот период минатата година.
Според соопштението на Царината, годинава за првпат се реализирани над 700 милиони евра приходи во неполни седум месеци.
– Приходите на Царината на Косово денеска надминаа 700 милиони евра приходи и ова е првпат да се постигне оваа сума во собирањето приходи. Поточно, денеска се пријавени 701,2 милиони евра, што споредено со минатата година претставува раст за околу 30 отсто, со оглед дека во истиот период лани имавме 543,5 милиони, се вели во соопштението.