Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем

Од:

Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот Саем, јави дописникот на МИА од Белград.

-На пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, изјави за агенцијата Бета координаторката на пунктот на Саемот, Светлана Мичиќ.

Покрај ревакцинацијата, на белградскиот Саем воглавно се вакцинираат државјани на Северна Македонија кои патуваат во странство.

-Продолжуваме да ги вакцинираме луѓето кои не се жители на Србија, од Босна и Херцеговина и Македонија, но одѕивот од сите овие земји се намалува. Најчесто доаѓаат да се вакцинираат луѓето што патуваат во странство, имајќи предвид дека мерките се засилени во сите земји, да не може да се влезе во ресторан, а ова е многу поекономично, бидејќи преку вакциницијата не треба да се прави ПЦР тест и немора да се плаќа карантин во тие земји. Предлог е вакцинацијата да не се препорачува, туку да биде задолжителна во многу земји, изјави за Курир д-р Снежана Калабиќ.

На граѓаните на Саемот достапни им се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“ со кои можат да се вакцинираат секој ден од 8:30 до 15:30 часот.

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули годинава на вакциналниот пункт во Спортсака сала во овој град вкупно со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски