Кој ќе гo нарече српскиот народ геноциден, ќе оди во затвор – во Бања Лука му подготвија одговор на Инцко

Од:

Претставниците на парламентарните партии во Република Српска по денешниот состанок со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, не сакаа да откријат детали од двете законски решенија со кои ќе одговорат на одлуката на Високиот претставник за БиХ, Валентин Инцко.

Откако Инцко минатата недела донесе одлука да се воведе ново кривично дело „негирање на геноцидот“ и да се забрани величањето на осудени воени злосторници, српските политичари од Босна ќе одговорат со воведување затворска казна за секој што ќе ја нарече Република Српска или српскиот народ геноцидни, откриваат босанските медиуми.

Со второто законско решение, ќе се отфрлат сите одлуки кои ги наметнал Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.

Додик денеска изјави дека седницата, закажана за петок, ќе биде затворена за јавноста.

По денешниот состанок, било одлучено и српските претставници да се повлечат од сите тела и институции на Босна и Херцеговина, во знак на протест против одлуката на Инцко.

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ