Приведен маж од Гостиварско, крадел злато од куќата на својот татко

Од:

31-годишниот М.А. од гостиварско село, кој се сомничи дека изминатите два месеца, во повеќе наврати, од куќата на својот татко одзел златен накит вреден 50 до 60 илјади евра, денеска е лишен од слобода.

Како што соопшти МВР, приведен е од полициски службеници на СВР Тетово околу 16 часот.

Златото било сопственост на неговата сестра, а М.А. го продавал на други лица. Кражбата денеска во 15 часот ја пријавил таткото.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он