Министрите за животна средина и претставници на 51 земја одржуваат подготвителен состанок во Лондон, клучен за успехот на климатскиот самит COP26 во Глазгов во ноември.
Разговорите во Лондон под британско претседателство со COP26, во кои учествуваат и САД, Кина и Индија, се одвиваат откако по состаноците кои завршија во средината на јуни.
Како што јавија медиумите, на овие состаноци не се постигна никаков напредок, бидејќи меѓународните претставници не се согласија во однос на прашањата за финансирање, транспарентност, евиденција за намалување на стакленички гасови и роковите на пазарот на јаглерод.
Состанокот во Лондон, кој се одржува во живо првпат во последните 18 месеци и делумно преку видеоконференција за вклучување што поголем број учесници, треба да ја скицира визијата за COP26 и „да постигне заеднички став“, соопшти британската Влада.
Велика Британија сака неформалниот состанок, кој се одржува зад затворени врати, да овозможи „отворени разговори“.
„Пред нас е опасен период за планетата и единствениот начин да се зачува нејзината иднина е сите земји да одат по еден пат“, изјави портпаролот на британската Влада, Алок Шарма.