Познатиот дизајнер на чевли, Кристијан Лубутен, чии штикли со црвен ѓон се најпосакуваните на светот, ја откри својата визија за стаклената чевличка на Пепелашка.
По повод дијамансткото издание на анимираниот филм „Пепелашка“, тој беше замолен од компанијата Дизни да ги ги искреира познатите чевлички.
„Пепелашка не е само икона на убавината, грациозноста и љубов од бајките, туку и синоним за чевли“, рече Лубутен.
„Нејзината приказна и нејзината личност ми беа инспирација за дизајнот“, додаде дизајнерот.