Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, понеделник 26 јули 2021 година, ќе се одвива теренската вакцинација.
Теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места:
Тетово – Палчиште, Новаке, Камењане, Синичани, Урвич, Јеловјане
Гостивар – Равен, Здуње, Јеловце, Печково
Берово – Будинарци
Свети Николе – Дорфулија, Каратманово
Струга – Мислешево, Мороишта
Неготино – Тимјаник
Пробиштип – Неокази
Кочaни – Бели
Кичево – Колибари, Трапчин Дол, Длапкин Дол
Битола – Могила, Радобор, Д.Чарлија, Будаково, Трап
Македонски Брод – Белица, Драговдол, Модриште
Велес – Градско
Теренската вакцинација без закажување започна од 12 јули годинава, во над сто населени места во сите општини ни државава.
Министерството за здравство секојдневно информира за денот и местата за теренско вакцинирање против Ковид-19.