ВИДЕО: Претепа две жени на среде улица во Ниш, а потоа си влезе во своето возило

Од:

Скандалозно видео од маж како ладнокрвно удира две жени на улица поради сообраќаен проблем се појави на Инстаграм страницата „Ниш навечер“.

Како што објави република.рс, насилникот е Мирко Ајковиќ, братот на Зоран Ајковиќ Ајкула, кој со децении се поврзувал со трговија на дрога и многу други кривични дела.

Нападот на Ајковиќ врз жените се случил откако тој го напуштил новоотворениот трговски центар. Кога стигнал до пешачкиот премин со автомобил, немал трпение да чека старицата да ја премине улицата. Таа одела полека, а Ајковиќ очигледно брзал, па почна да свири и да ја навредува жената, пренесува српскиот портал.

Во нејзина одбрана застанале две жени, кои во тој момент поминуваа таму со возило. Ајковиќ излезе од автомовилот и брутално ги удри и двете по главата.

Мирко Ајковиќ најпрво ја нападна едната жена, а кога другата дојде да ја одбрани, ги удри и двете во главата.

Сторителот бил веднаш уапсен и одведен во притвор, пренесува република.рс.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ