Пакистанските тинејџерки Нур Басра (15) и Нур Шеза(16) се убиени заедно со нивната мајка, бидејќи го засрамиле семејството со тоа што дозволиле да биде објавена видео снимка на која играат и се смеат.
Минатата недела во нивната куќа во пакистанскиот регион Гилгит влегле петмина маскирани мажи и започнале да пукаат со огнено оружје, при што ги убиле девојките и нивната мајка.
Полицијата верува дека убиството е дело на нивниот полубрат Кутор, кој видео записот го протолкувал како навреда на честа на семејството и се обидел да ја врати честа со тоа што ги убил. Тој се наоѓа во бегство, додека неговите соучесници го признале злосторството.
Видео снимката на која двете сестри во традиционална облека играат и се смеат е направена пред шест месеци и од тогаш предизвика гнев во конзервативниот град.
Комисијата за човекови права на Пакистан, тврди дека во 2011 година дури 943 жени биле убиени, поради честа на семејството.
Eлена Георгиевска