ВИДЕО: Во Приштина му подигнаа споменик на фудбалерот Фадиљ Вокри, го откри премиерот Курти

Од:

Во главниот град на Косово денеска беше откриен споменикот на легендата на косовскиот и југословенскиот фудбал, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), Фадиљ Вокри, кој почина од срцев удар во 2018 година, на 58-годишна возраст.

Споменикот висок три метри, подигнат на влезот на стадионот во Приштина кој го носи неговото име, на денот на раѓањето на Вокри, го открија косовскиот премиер Албин Курти, министерот за култура, млади и спорт, Хајрула Чеку, градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети и претседателот на ФФК, Агим Адеми.

На церемонијата присуствуваа повеќе спортски, политички и јавни личности, како и членови на семејството на Вокри.

Како фудбалер, Вокри се прослави во 80-тите години од минатиот век, кога играше првин за ФК Приштина, а потоа за белградски Партизан, за подоцна да ја продолжи кариерата во неколку клубови во Франција. Беше успешен и како центарфор на репрезентацијата на тогашна Југославија.

По осамостојувањето на Косово, Вокри беше претседател на ФФК и се смета за најзаслужен за приемот на неговата држава во европската и во светската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина