4.500 луѓе спречени да се качат на бродови во атинското пристаниште, немале доказ дека се вакцинирани

Од:

Над 4.500 лица биле спречени да се качат на брод кон нивната дестинација од атинското пристаниште Пиреас, поради недостиг или нецелосни документи за Ковид-19, соопшти министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис.

За патување со брод кон островите задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од ПЦР или рапид тест, а контролите ги врши Крајбрежната служба на Грција.

-Контролите на припадниците на Крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица, рече Плакиотакис.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески