Популарните американски телевизиски серии од 80-те години на минатиот век, како „Пороците на Мајами“, „Панки Брустер“ или „Спасени од ѕвончето“, повотрно ќе и бидат достапни на публиката, но овој пат во форма на дигитални стрипови.
Компаниите „Лион Форџ Комикс“ и „Ен-Би-Си Јуниверсал“ соопштија дека се здржиле со цел да „развијат, напишат, илустрираат и објават“ дигитални стрипови базирани на попуалрните серии од пред 30-тина години.
Стриповите кон крајот на годината ќе бидат објавени преку Ајтјунс, Амазон-Киндл, Коб и Нук. Досега во дигитални стрипови беа трансформирани сериите „Досиеја Икс“ и „Бафи – убиец на вампири“, кои постигнаа забележителен успех на америоанскито пазар.