Германската компанија „Дајмлер“, производител на „Мерцедес-Бенц“, денеска соопшти дека од 2022 година планира да инвестира повеќе од 40 милијарди евра во развој на електрични возила, со цел до 2030 година да биде подготвена за пазарот со целосно електрични автомобили.
Компанијата планира да отвори осум фабрики за батерии, клучната компонента за електричните модели.
Експертите го гледаат потегот на германската компанија како знак дека автомобилскиот сектор брзо се откажува од традиционалните горива, кои се предмет на сѐ поостри прописи за заштита на животната средина.
„Дајмлер“ соопшти дека до 2025 година сите нови модели ќе бидат само со електричен погон, но не наведе кога планира да го запре производството на автомобили со класични мотори со внатрешно согорување.