Приведен ресенчанец кој лажно пријавувал поставени бомби во Охрид

Од:

На 46-годишен жител на Ресен му е одрден притвор откао СВр Охрид поднесе кривична бријава против него затоа што двапати месецов испраќал лажни дојави дека во Охрид се поставени бомби.

„Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од селото Горно Крушје, ресенско. Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор“ – се вели во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски