Кашмирски сафир од 27 карати, вметнат во прстен од платина и жолто злато и обрабен со двоен кружен слој дијаманти, достигна цена од 2,1 милион евра на аукција во Монако.
И првичните проценки го одредуваа на два до три милиони евра. На наддавањето одржано во „Кафе де Пари“ почетната цена била 1,7 милиони евра.
Седум купувачи, по телефон, се натпреваруваа сѐ до конечниот удар на чеканчето на лицитацијата.
Наддавањето го спрведе аукциската куќа „Отел де Вонт де Монте Карло“ (ХВМЦ).