Средба Пендаровски – Орјан: С. Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи засновани на доверба и почит

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Израел во земјава, Дан Орјан, на која беше заклучено дека Северна Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи коишто се засновани на меѓусебна доверба и почит.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека претседателот изрази благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорот Орјан за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи му успех во неговите идни ангажмани.

– Претседателот Пендаровски се заблагодари за израелската поддршка од стекнувањето на нашата независност до денес и притоа нагласи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во културата и туризмот, наведоа од Кабинетот на шефот на државата.

На средбата станало збор и за моменталните состојби во двете држави со пандемијата со Ковид-19 и за процесите за вакцинација на граѓаните, при што се размениле мислења и информации за последиците од пандемијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски