ЕУобсервер: ЕУ планира да испрати воена мисија во Либија за засилување на своето влијание

Од:

Бриселската агенција ЕУобсервер открива дека во Европската унија циркулира нон-пејпер во кој се вели дека Унијата има за цел да испрати воена мисија во Либија за да го зајакне своето влијание како странска суперсила во регионот.

Мировниот процес во Либија бара разоружување, демобилизација и реинтеграција на милитантите во големи размери, како и големи реформи во безбедносниот сектор, се наведува во внатрешниот документ за службата за надворешни услуги на ЕУ од 1 јули, до кој дојде ЕУобсервер.

Во документот се посочува дека ЕУ е на пат во следните неколку месеци да ги финализира плановите за големи операции во Северна Африка, што ќе бидат насочени кон прекинување на трговијата со луѓе и оружје во регионот.

„Во овој контекст, треба да се разгледа посветеноста на воената Заедничка безбедносна и одбранбена политика на ЕУ за да не се препушти целото поле на активност во воената област на трети земји“, се додава во документот.

Нагласувајќи дека либиските власти изразија потреба за поддршка од ЕУ на границите на Либија, вклучително и на југ, документот сугерира дека ова може да отвори можност за добивање права за распоредување на опрема за воздушен надзор на ЕУ врз либиска територија, доколку либиските власти се согласат со тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски