А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Собранието поддржани повисоки плати за пиротехничарите, кои ги деактивираат пронајдените стари бомби

by А1он19/07/2021 - 17:12247
Share0

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ги поддржа предложените измени на Законот за заштита и спасување, во прво читање, поднесени од Министерството за одбрана.

Следете a1on на Instagram Instagram

Измените, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, предвидуваат поголеми плати за над 25 отсто за пиротехничарите, на кои поради сложеност на работни задачи им се утврдува и плус додаток на плата во висина од 35 отсто, бенефициран стаж и подобри услови за пензионирање. Воедно повисоки плати за инспекторите, како и јасни процедури за отштета за невреме на земјоделско земјиште.

– Пиротехничарите ги ризикуваат животите за нашата безбедност. Да им возвратиме со поголема грижа!, напиша Шекеринска, споделувајќи податоци дека годишно во државава се пронаоѓаат 600 до 1000 неексплодирани убоити средства, а лани само во Битола се пронајдени 12.300 неексплодирани мини.

Основна цел на предложените измени и дополнувања на Законот е да се измени статусот на пиротехничарите од административни службеници во лица со посебни овластувања, како и да се усогласат нивните права со меѓународните норми.

Следете a1on на Youtube YouTube
dzssobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он04/07/2026 - 20:0904/07/2026 - 20:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео