Силната бура која изминатата недела ја парализираше западна Европа, денеска пристигна и во Украина. Силни врнежи од дожд и оркански ветер го погодија главниот град на земјата, Киев, каде се поплавени улици и повеќе станици од метрото, а сообраќајот е закочен.
Ветрот достигна брзина од 24 метри во секунда. Снимките покажуваат како низ тунелите од градското метро течат реки вода.
Операторот на метрото во Киев соопшти дека се затворени две станици во кои продрела водата.
Поплавени се и улици во центарот на украинската престолнина, а дел од снаодливите граѓани веднаш најдоа начин да се движат низ поплавениот град.
Когда очень хочется на море, но море приезжает к тебе. pic.twitter.com/lAFaMf5hWw
— Київ Оперативний (@KyivOperativ) July 19, 2021
Во невремето и поплавите кои погодија голем дел од Европа, животите досега ги загубија најмалку 189 лица, а стотина луѓе се исчезнати.
Неколку десетици илјади беа принудени да ги напуштат своите домови, а многумина сѐ уште немаат пристап до струја и вода за пиење.