Британскиот весник Гардијан, францускиот Ле Монд и американскиот Вашингтон Пост се дел од мрежата светски познати медиуми кои попладневно синхронизирано ја објавија сторијата наречена „Проект Пегаз“.
Станува збор за повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер произведен од компанијата ХСО, во корист на десетина држави, Азербејџан, Бахреин, Казахстан, Мексико, Мароко, Руанда, Саудиска Арабија, Унгарија, Индија и Обединетите Арапски Емирати.
Од своето создавање во 2011 година, израелската компанија го продаде својот софтвер како одлучувачка алатка, наменета исклучиво за борба против тероризмот и организираниот криминал. Сепак новинарите откриле дека на листата има имиња кои не се поврзани со криминал туку дека на неа има државници, членови на кралски семејства, новинари, адвокати, активисти.
Групацијата од 16 медиуми имала пристап до приближно 50.000 телефонски броеви – споделени од организацијата Форбеден стори (Забранети приказни) и Амнести Интернешнл. Форбеден стори и Амнести Интернешнл ја потврдиле автентичноста на податоците вкрстувајќи ги со неколку други извори и идентификувајќи десетици нови жртви на софтверот преку исклучително темелни технички анализи на нивните мобилни телефони, благодарение на експертите за безбедност на Лабораторијата на Амнести Интернешнл.
Невидлив за корисникот на телефонот, овој софтвер може да се инсталира од далечина, без целта дури да треба да кликне на злонамерна врска, и дискретно, потпирајќи се на безбедносните дупки во софтверот на „Епл“ и „Гугл“, кои овие гиганти не секогаш ги корегираат доволно брзо. Софтверот на НСО исто така потхранува профитабилен и нејасен пазар на безбедносни пропусти, поттикнувајќи стотици искусни хакери постојано да бараат нови ранливости што НСО и неколку други играчи ги купуваат по висока цена.
Групацијата НСО силно ги негира лажните обвинувања изнесени во вашата истрага. Овие обвинувања во голема мерка се неиздржани теории, кои фрлаат сериозни сомневања во веродостојноста на вашите извори, како и во јадрото на вашата истрага , одговори израелската компанија, контактирана од„ Проектот Пегаз “.
-Вашите извори ви доставија информации што не се засноваат на никаква фактичка основа, додава компанијата, која тврди дека не знае во реално време за употребата на нејзините клиенти на Пегаз, ниту пак да го контролираат.