Претседателот на црногорскиот Парламент Ранко Кривокапиќ е избран денеска во Истанбул за претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), со што стана првиот црногорски политичар избран на висока меѓународна функција.
На гласањето за претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кривокапиќ доби 123 гласа, додека неговиот противкандидат, шефот на шведската делегација Кент Харсдет освои 74 гласови.
Во Парламентарното собрание на ОБСЕ учествуваат претставници на 57 земји, вклучувајќи ги и САД и Русија. Главна задача на Парламентарното собрание е да го олесни интерпарламентарниот дијалог. Претседателот на Собранието се бира најдолго на две години, со тоа што по една година од стапувањето на должност се организира реизбор.
Тогаш, според досегашната пракса повторно се избира истиот кандидат. Парламентарното собрание на ОБСЕ е формирано во 1990 година на самитот во Париз со цел да се промовира поголема вклученост на националните парламенти во оваа меѓународна организација.
Ова тело има водечка улога во областите на набљудување на изборите во земјите-членки на ОБСЕ, уште од 1993 година.