На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 453.773 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.817 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 725.902 дози вакцини, а ревакцинирани се 272.129 граѓани.
Со последните бројки 58% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 51% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 41% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.